Everyday Bundle Red Brown (Italian Waxy Cowhide)
Original price was: 10.900 ден.9.800 денCurrent price is: 9.800 ден.
Вашето секојдневие бара додатоци кои можат да го следат вашиот ритам, а овој рачно изработен сет од full grain кожа е создаден токму за тоа. Спој на традиционалниот занает и модерниот дизајн, овој сет е дефиниција за функционална елеганција.
Што содржи сетот?
Кожна торбичка (clutch bag II): Идеална за вашето секојдневие. Се состои од еден главен отвор со патент кој внатре има две посебни прегради и дел каде може да си ги закачите клучевите без да ги барате низ торбичката. Исто така има уште еден додатен џеб со патент од задната страна.
Паричник (V11.1) : Како и сите производи и паричникот е целосно рачно изработен. Се состои од 5 џеба за картички, еден џеб за монети и простор за банкноти.
Каиш: Направеноод само 1 дебело парче кожа (4мм), без пластика, најлон или било што синтетичко вградено во производот.Токата на ременот е чист тврд метал и не е ефтина легура. Ширината на ременот е 4цм. Должината може да ја одредите со мерење на каишот (целосната димензија) или да се скрати подоцна по потреба. Тоа е доста лесно. Се одвртува еден штраф, се крати каишот и повторно се завртува штрафот.
Кожен привезок за клучеви: Суптилен и цврст детаљ за клучевите од вашиот дом или канцеларија кој може да го закачете на додатокот кој е внатре во самата торбичка.
Балзам за кожа: Со секојдневното користење кожените производи се гребнуваат. Препорачливо е на 5-6 од користењето на кожените производи да се користи природен балзам за хидратација, обновување и заштита на продуктите. Доколку се работи за пуебло кожа, премачувањето се прави по година дена користење односно откако се измазни кожата и добие сјај/патина.
За сетовите кои не се означени како ДОСТАПНИ, се чека околу 4 седмици за изработка.
- 100% рачна изработка
- Италијанска кожа
- Долготрајност и природна патина
- Функционалност и стил во едно
- Производ што трае со години






























