Travel Bundle Dark Brown (Crazy Horse Leather)
Original price was: 11.100 ден.9.990 денCurrent price is: 9.990 ден.
Секое патување е нова приказна, а овој рачно изработен кожен сет е создаден за да биде вашиот најдобар сопатник. Направен за оние кои уживаат во естетиката, дури и кога се на пат, овој сет ги спојува луксузот, долготрајноста и функционалноста.
Што содржи сетот?
Кожна торбичка (clutch bag): За сите оние ситни нешта, кабли, полначи или козметика кои секогаш ви требаат при рака за време на летот или возењето.
Мултифункционален кожен нотез (со 3 посебни нотези внатре): Совршен за патеписи, скици, планови за патувањето и сите оние важни белешки од патот кои не сакате да ги заборавите.
Кожна футрола за пасош: Елегантна заштита за вашиот најважен документ, за да поминете низ секој аеродром со посебен стил. Исто така собира картички, банкноти и останати документи.
Кожна футрола за очила: Безбедно место за вашите очила за сонце, заштитени од гребење во патничкиот ранец или торба.
Кожен привезок за клучеви: Суптилен и цврст детаљ за клучевите од вашиот дом или вашиот следен апартман.
Уникатна дрвена кутија: Сите елементи доаѓаат спакувани во прекрасна, рачно изработена дрвена кутија која служи како луксузно пакување, но и како совршено место за чување на сетот.
За сетовите кои не се означени како ДОСТАПНИ, се чека околу 4 седмици за изработка.
- 100% рачна изработка
- Италијанска кожа
- Долготрајност и природна патина
- Функционалност и стил во едно
- Производ што трае со години






























