Во сезона на дождови, кожените производи имаат голема веројатност да дојдат во контакт со вода и да остават трага од вода.

Кожата е природен материјал кој не е водоотпорен. Тоа значи дека кожата ќе впие вода, што ќе доведе до потенцијално оштетување како што се дамки, промена на бојата или губење на формата и текстурата, како и појавување на меурчиња. Водата може да предизвика кожата да стане крута, да се исуши, па дури и да пукне со текот на времето ако не е соодветно заштитена.

Доколку дојде до контакт со дожд, најдобро е да се пребрише со крпа за да се упие влагата или дококку немате крпа во тој момент, намокрете ја раката и навлажнете ја површината на кожата каде што се наоѓаат капките.Така, кога вашиот кожен производ ќе се исуши, ќе се исуши хомогено и нема да бидат видливи траги од дамки. Потоа можете да нанесете крем за нега на кожа на површината.

Бидејќи кожата е природен материјал, може да биде засегната од контакт со вода. Поради оваа причина, препорачуваме да го чувате вашиот производ подалеку од влажни средини.

Иако овие дамки исчезнуваат во голема мера додека се сушат, нивните траги може да останат. Затоа треба да се внимава, или доколку се случи да се негува со балзам за кожа кој го имаме на располагање https://redfoxgoods.mk/shop/dodatoci/leather-balm-40ml/. Сакаме да ве потсетиме дека кожата не е водоотпорен материјал.