Рачно изработени Tote Bag торби од високо квалитетна кожа – елеганција со карактер

Во свет каде што модата се менува од ден за ден, постојат парчиња што никогаш не излегуваат од стил – кожните tote bag торби. Нашите торби не се само моден додаток, туку приказна за занаетчиска умешност, автентичност и трајна убавина.
 
Како ги изработуваме нашите торби?

Сите наши производи, вклучувајќи ги и овие торби, се рачно изработени во нашата работилница. Секое парче кожа е внимателно одбрано, кроено и сошиено од нашите занаетчии, кои се целосно посветени на својата работа.

Откако ќе ги добиеме Buttero и Frisco кожите – некои од најквалитетните кожи за изработка на торби – внимателно ги прегледуваме и ги избегнуваме оштетените делови. Потоа ги поставуваме претходно подготвените шаблони и ја означуваме кожата каде што треба да се сече. Со остар нож, рачно ги сечеме означените делови, а кожните парчиња се подготвени за следниот чекор – шиењето.

За разлика од другите производи што ги изработуваме (каде што користиме рачно шиење), кај овие торби се користи машинско шиење, бидејќи кожата е подебела, а производот е поголем. Самото шиење на машината е многу квалитетно, што ги елиминира сите можни ризици од распуштање на конците или пукање на рабовите.

 
 
Високо квалитетна кожа што старее благородно
Нашите tote bag торби се изработени од вистинска, природна кожа, внимателно одбрана за нејзиниот квалитет, текстура и издржливост. Со текот на времето, кожата добива карактер – благ сјај и топла патина што ја прави уште поубава.
Ова е торба што не ја носите само една сезона, туку градите спомени со неа.
 
Совршен баланс меѓу стил и практичност
Доволно голема за секојдневните потреби, но доволно елегантна за деловни состаноци или вечерни прошетки – tote bag кожната торба е симбол на современата жена (или маж) со стил и став.
Со просторен ентериер, прецизни шавови и минималистички дизајн, таа е совршен спој на функционалност и естетика.
 
Зошто да изберете рачно изработена торба?
•Поддржувате локално занаетчиство
•Добивате уникатен производ што никој друг го нема
•Инвестирате во трајност и квалитет, наместо во брза мода
•Секој детал зборува за внимание, љубов и умешност