Вашите производи сега можат да добијат личен и уникатен печат преку втиснување на лого, иницијали или име со топла преса.
Овој метод го избравме бидејќи овозможува попрецизен, елегантен и професионален изглед, за разлика од ласерското гравирање на кое сме навикнати.
Процес на персонализација
Откако ќе го изберете производот што сакате да го персонализирате, можете да не контактирате заедно да го одредиме местото каде ќе биде поставено логото или иницијалите.
Нашиот тим ќе ви помогне да го најдеме најдобриот начин за тоа деталот да изгледа совршено усогласен со дизајнот и површината на производот.
Персонализирање со лого
Персонализацијата со лого најчесто ја изведуваме при поголеми нарачки, бидејќи за изработка на калапот не е исплатливо да се произведе само за еден или два производи.
Вашето лого се изработува по нарачка, според вашите барања, од месинг и се гравира со ЦНЦ машина со технички ножеви за да се постигне максимална прецизност и долготрајност.
Персонализирање со иницијали или име
За втиснување на иницијали или име, не е потребна поголема количина производи.
Буквите ги имаме подготвени во стандардни димензии и фонт, па затоа фонтот и големината не може да се менуваат.
Тие внимателно се редат на машината по избраниот редослед, се загреваат на соодветна температура и се втиснуваат на парчето кожа, создавајќи префинет и траен впечаток.

Важни информации
Персонализацијата се врши пред финалната изработка на производот.
Не е можно да се персонализираат веќе изработени производи, бидејќи при притискање со топла преса може да дојде до деформации или промена на бојата на задната страна на кожата.
Поради тоа, изработката на персонализиран производ бара малку подолог временски рок, но резултатот секогаш вреди за чекање.
Примероци
Во продолжение можете да погледнете примери од втиснати логоа и иницијали на нашите производи, кои го прикажуваат квалитетот и прецизноста на нашата изработка.

