Ова се нашите рачно изработени кожни паричници кои се создадени со цел – да помогнат. 50% од сумата на производите ќе бидат донирани (преку supportkocani) за поддршка на погодените од неодамнешниот пожар, помагајќи им на семејствата да се обноват и да се опорават. Ова е повеќе од само паричник, ова е симбол на солидарност, отпорност и надеж. Залихите се ограничени, но влијанието што можеме да го направиме заедно е неограничено.