V02 Brown (Crazy Horse Leather) – DONATION

2.900 ден

Ова се нашите рачно изработени кожни паричници кои се изработени со цел – да помогнат. 50% од сумата на производите ќе бидат донирани за поддршка на погодените од неодамнешниот пожар, помагајќи им на семејствата да се обноват и да се опорават. Ова е повеќе од само паричник, ова е симбол на солидарност, отпорност и надеж. Залихите се ограничени, но влијанието што можеме да го направиме заедно е неограничено.

Најголемиот унисекс модел од нашата колекција кој е изработен да ги собере сите есенцијални работи кои ви се потребни. Рачно изработен производ од 100% природна италијанска говедска кожа која е карактеристична со нејзината издржливост и квалитет.
Сите производи се рачно шиени со 1мм конец кој гатантира максимална стабилност.

Димензии: 200мм х 100мм (отворен 200мм х 200мм)
Прегради: 6 прегради за картички, 2 прегради за банкноти/телефон како и преграда со патент за монетин или други работи.