Full grain кожата е најцврстата и најиздржливата кожа која ја има на пазарот. За разлика од другите типови, не се применуваат полирање или хемиски третмани пред да се влезе во процесот на потемнување.
Најголемата предност на користењето на full grain кожа е нејзината издржливост. Оваа кожа е најблиску до оригиналната сурова животинска кожа.
Исто така, full grain кожата изгледа по добро со текот на стареењето. Оваа карактеристика ќе им се допадне и на оние кои сакаат класични производи со висок квалитет. Ние го сакаме тоа што со текот на времето, вашата full grain кожа развива патина (повеќе за патината може да прочитате овде https://redfoxgoods.mk/elementor-3688/). Патина во суштина е мек сјај што се развива преку употреба. Кожата обично ќе почне да изгледа пополна побогата. Сакаме да кажеме дека патината дава карактер и ја прави вашата кожа уникатна. Во Red Fox Goods, сме големи обожаватели на патината на кожните производи. 
Иако многумина (вклучувајќи и нас) дефинитивно ќе го гледаат ова како позитивна карактеристика, белезите и несовршеностите се вообичаени кај оваа кожа. Ова се должи на нејзината природна форма и изложеност на животното на надворешни услови. Животните природно ќе ја излуштат или наранат својата кожа од борба со другите единки или од триење по површините. Бидејќи целата full gаin кожа не се обработува, ниту една од овие белези не се отстранува или полира за да оваа кожа биде со врвен квалитет.

Full grain кожата е поскапа опција од другите видови кожи. Може да биде тешко да се најдат кожи кои не се премногу видливо оштетени и со кои може да се работи бидејќи не е дозволено брусење. Исто така е потешко да се работи бидејќи не се дозволени никакви хемиски процеси. Потешко е и да се манипулира од другите кожи. Ова предизвикува трошоците за работна сила при работа со full grain да бидат повисоки. Овие трошоци потоа се пренесуваат на крајниот потрошувач. Сепак, ние одлучивме да ја задржиме истата цена како и waxy cowhide. Единствена минимална разлика во цената е кај пуебло кожата, која е значително по скапа и по ретка.